Астрологија / Неделен хороскоп / Водолија / 3989

Неделен хороскоп

img


ВОДОЛИЈА

08 May, 2022    Александар Јанковиќ


08 May 2022 - 16 May 2022


Аспекти:
9 мај 2022 сонце секстил Марс = Натпреварување, предизвици, храброст, сила, еротика, страсти, доминација, возење (човек зад воланот) , оружје, мачизам, авторитетност...  
15 мај 2022 сонце квадрат Сатурн = егоцентризам, деспотизам, проблем со авторитети, судири со родител, тврдоглавост, паѓање од положба, губење статус, тежок брак, проблеми со рбетот и срцето...
15 мај 2022 сонце секстил Нептун =  тајни, мистичност, успеси во духовни активности, патувања, креативност, лекарства, доктори, тајни врски (со женети, претпоставени...)

Сатурн е во вашиот знак и од таа позиција делува на вас онака како што е забележано за аспектот на Сатурн со сонцето. Сонцето пак, го активира вашето поле на домот, домашните, некакви почетоци или најчесто краеви на односите, ситуациите а тоа со оглед на аспектот нема да биде многу забвано, посебно ако истите тие односи не се како што треба од поодамна. Сатурн со свјот аспект со сонцето на ист начин ќе делува и на вашите финансиски состојби, прашањето на имање-немање, потребата за сигурност, но во вашиот случај тоа е дополнително искомплицирано бидејќи и аспектите на Марс и Нептун имаат што да кажат на овој план. Ќе морате да комбинирате бидејќи ако тоа јас го правам треба да напишам книга. Вака оставам на вашата имагинација со назнаки како да го сторите тоа